Германско „НЕ“: Меркел останува на ставот дека на Киев не му е потребно оружје
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе претстојува во Америка каде треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама, и останува на својот став „не“ за испорака на оружје на владините сили во Киев, пишува германскотo политичко списанието „Шпигел“, оценувајќи дека „на коцка“ е ставено единството на Европа.
Меркел ќе остане на првиот свој став „не“ бидејќи како што кажува не верува дека испораката на оружје во Украина би можела да донесе видливa корист, туку напротив.
Како претседателот Обама гледа на прашањето за испорака на оружје во Украина, ќе мора да и објасни на својата гостинка и да и сигнализира дека нејзините дипломатски напори во Москва наскоро мора да вродат со плод бидејќи внатрешно политичкиот притисок на него расте од недела во недела, оценува овој германски магазин.
Доколку Америка се одлучи за испорака на оружје во Украина, поголем дел од државите од Европската унија нема да учествуваат во тоа, заклучува магазинот.
Токму на Меркел и Обама би требало да биде оддговорноста да од тоа не настане една нова поделба на Европа, оценуваат коментаторите, а медиумите укажуваат дека Украина била горчлива тема токму на завршената Минхенска конференција за безбедност, на која биле шефовите на државите или владите и министри, помеѓу останатите, и од Америка, Русија и домаќините Германија.
Германските медиуми оценуваат дека Меркел на конференцијата во Минхен каде учествуваше и Македонска делегација предводена од претседателот Иванов, изгледала „дипломатски“, американскиот потпреседател Џозев Бајден се однесувал „непопустливо“ а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изгледал „грубо“.
Така се искристализираа и трите мислења за решение на кризата - од американско емотивно - патетично, преку германското супер - реалистично, до руска осаменост.
Самата Меркел била своевидна „звезда“ на конференцијата, бидејќи за два дена имала „патувања на мир“, како што пренесуваат германските медиуми, ги водела разговорите во Киев, Москва и Минхен, од каде заминала во Вашингтон, а веќе во среда ќе биде на нов самит во Минск.
