Германските провинции ќе добијат по 4 милијарди евра за бегалците во 2016 година
Владата во Берлин ќе им помогне на германските провинции со по 4 милијарди евра за 2016 година, двојно повеќе од распределбата на средства до сега, за да се справи со приливот на бегалци, пренесува „БиБиСи“.
Ова било договорено на состанокот со канцеларката Ангела Меркел и со 16-те гувернери на провинциите. По разговорот таа најавила дека Владата ќе им додели на локалните власти по 670 евра месечно за секој барател на азил, кого тие ќе го прифатат.
Парите ќе бидат искористени за да се осугура социјално вдомување и грижа на малолетните имигранти кои не се придружени од возрасни.
Германската влада ќе ги забрза процедурите за азил, ветила Меркел. Властите, исто така, планираат да го заменат досегашниот пристап со „џепарлак“ на човек со организиран систем од помош.
Албанија, Косово и Црна Гора ќе бидат прогласени за „безбедни земји“, на чии граѓани нема да им се обезбедува азил, изјавила Меркел. Целта е да се намали приливот на имигранти оттаму.
