Германските пилоти – на тест за дрога и алкохол
Пилотите во германските авиокомпании ќе поминуваат низ проверки за дрога и алкохол, а тие ќе се вршат на случаен принцип. Ова го соопштил за медиумите германскиот министер за транспорт Александар Добринт, цитиран од агенциите.
„Експертите ширум светот гледаат позитивен ефект од напорите за контрола на личното здравје и безбедноста во авионската индустрија“, посочува Добринт за неделното издание на весникот „Билд“.
Тој најавил дека во почетокот на 2016 година ќе и се претстави на германската влада соодветниот закон со мерките во оваа насока.
Планот на Добринт ќе предвидува работодавците да превземаат одговорност и да вршат внимателни проверки за дрога и алкохол, каква што е практиката на пример во САД и Австралија. Министерот препорачал овие мерки да бидат усвоени во цела Европа.
