Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските компании да ангажираат бегалци – бара Меркел

Германските компании да ангажираат бегалци – бара Меркел

Германската канцеларка,  Ангела Меркел се залага за повеќе работни места за бегалците.

Таа ги повика директорите на најмоќните компании да присуствуваат следниот месец на самитот, на кој од нив ќе се побара да вработат поголем број бегалци. Меркел ќе инсистира германските компании, спротивно на нивната волја, да ги убеди да понудат стажирање и работни места за дојденците.

Над еден милион мигранти пристигнаа лани во Германија, а владата во Берлин сака поголем број од нив да се вклучат на пазарот на труд. Со тоа ќе се намали нивната зависност од државна помош и ќе се надомести работна сила поради стареење на германското население.

Од компаниите велат дека поголемиот дел од мигрантите во Германија не го знаат германскиот јазик и немаат квалификации.

Меркел се надева дека од шефовите на германските трговски гиганти ќе дознае што можат овие фирми да направат за интегрирање на мигрантите.

Германија со низа мерки настојува да ги интергира бегалците во тамошното општество.

Слично

Поврзани вести