Германските аеродроми во штрајк – „Луфтханза“ откажува летови!
Една третина од летовите на германската авионска компанија „Луфтханза“ за утре се откажани, како последица на планираниот штрајк на службениците во јавниот сектор на сите аеродроми во земјата.
Се работи за 600 лета, од вкупно 1.800 што требаше да ги изведе „Луфтханза“ утре. На речиси сите големи германски аеродроми ќе штрајкува теренскиот персонал, носачите на багаж и вработените на одржувањето.
Синдикатите бараат зголемување на платите за 3,5 отсто плус дополнителни 100 евра месечно за околу 1,2 милиони вработени во јавниот сектор, што би претставувало вкупен раст од 6,7 отсто на нивните плати. Германската влада соопшти дека има намера да го прифати растот на платите, но дека барањата се превисоки.
Само на аеродромот во Франкфурт во штрајкот ќе учествуваат 1.400 вработени. Се проценува дека штрајкот ќе ја чини „Луфтханза“ неколку милиони евра.
Слично
