Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот вицеканцелар ја пцуел Фон дер Лајен за набавката на вакцини

Германскиот вицеканцелар ја пцуел Фон дер Лајен за набавката на вакцини

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц, употребувајќи пцости, ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за процесот на набавка на вакцини против коронавирусот.

Според Билд, на седницата на Владата, Шолц оценил дека „набавката на вакцини“ се претворила во „гомненици“, кои не треба да се повторат во процесот на вакцинација во Германија.

Во врска со ова, Шолц децидно ја споменал Фон дер Лајен и ја обвини за неуспехот да се набават вакцини според посакуваното и претходно договореното темпо.

„Она што се случува во Брисел, она што го направија Европската комисија и Фон дер Лајен е вистинска свињарија“, налутено нагласик германскиот вицеканцелар.

Според Билд, канцеларката Ангела Меркел дозволила Шолц да колне, но кога се споменало името на фон дер Лајен, таа го запрела избувнувањето на гневот на вицеканцеларот.

Како што пишува весникот, од круговите на владејачката ЦДУ, Меркел е единствената политичарка која сè уште ја брани Фон дер Лајен.

Весникот наведува дека Фон дер Лајан веќе неколку дена бара партиски колеги во Брисел и Берлин, кои ќе застанат покрај неа по неуспешниот процес на набавка на вакцината и кои ќе и пружат јавна поддршка.


Слично

Поврзани вести