Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот суфицит на највисоко ниво во последните пет години

Германскиот суфицит на највисоко ниво во последните пет години

Tрговскиот суфицит на Германија минатата година достигна петгодишен максимум, се вели во податоци на германскиот Завод за статистика-Дестатис.

Извозот на најголемата европска економија е на рекордни 1.097 билиони евра во 2012 година што е пораст од 3,4 отсто во однос на 2011 година, се вели во извештај на Дестатис.

Увозот е зголемен за само 0,7 отсто на 909,2 милијарди евра во 2012 година. Тоа означува дека трговскиот суфицит на Германија е зголемен на 188,1 милијарда евра во 2012 година што е највисоко ниво од 2007 година.

Слично

Поврзани вести