Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Чоколадото Дубаи мора да се произведува во Дубаи

ГЕРМАНСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Чоколадото Дубаи мора да се произведува во Дубаи

„Дубаи чоколадото“ стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи.

Производите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“, кои се продаваат во синџирот на попусти Aldi Sud, станаа вистински хит откако беа лансирани во декември.

Десертот, кој стана познат во светот како „Дубаи чоколадо“ благодарение на TikTok, е комбинација од крем од ф'стаци, крцкав кадаиф (тенки тестенини направени од брашно и вода) и чоколадо.

Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против ланецот продавници „Алди Суд“ да го продава производот, тврдејќи дека името е погрешно затоа што производот всушност бил произведен во Турција, а Алди морал да престане да продава „Дубаи чоколадо“.


Производот може да биде означен како „Дубаи чоколадо“ во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со Дубаи.

Тужбата до судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот Fex од Дубаи во Германија.

Во декември, Вилмерс ги пријави Lidl и производителот на чоколади Lindt поради истата причина.

Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и Алди има право на жалба.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести