Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот полициски синдикат: Треба да кренеме ограда на границата

Германскиот полициски синдикат: Треба да кренеме ограда на границата

Поради постојаниот поток од бегалци претседателот на синдикатот на германската полиција (DPoIG) Рајнер Венда повикал да се изгради ограда долж границата со Австрија.

„Ако навистина сакаме да воведеме сериозна погранична контрола, ние мора да изградиме ограда на границите на Германија“, изјавил Венда.

Според него изградбата на сличен објект ќе предизвика верижна реакција. „Ако ние на тој начин ја затвориме нашата граница, тогаш Австрија ќе ја затвори границата со Словенија. Токму таков ефект ни е потребен“, изјавил шефот на полицискиот синдикат.

Без таква ограда нема смисла од создавањето на транзитни зони за бегалците, додал Рајнер Венда. Германија не треба да го испраќа повеќе сигналот „Дојдете кај нас“, бил категоричен Венда.

„Нашиот внатрешен ред е загрозен. Ние сме на прагот на социјални бунтови и некој мора да ги притисне сопирачките“, предупредил Венда, додавајќи дека ja има предвид федералната канцеларка Ангела Меркел.

Слично

Поврзани вести