Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИОТ ПОЛИТИЧАР КАЈЗЕВЕТЕР – УДАР НА МОСКВА: „Зградата на Министерството за одбрана на Русија во Москва да биде цел на напади“

ГЕРМАНСКИОТ ПОЛИТИЧАР КАЈЗЕВЕТЕР – УДАР НА МОСКВА: „Зградата на Министерството за одбрана на Русија во Москва да биде цел на напади“

Зградата на руското Министерство за одбрана или зградата на руската разузнавачка служба во центарот на Москва се легитимни цели кои треба да бидат нападнати, изјави заменик-претседателот на надзорната комисија на германскиот парламент Родерих Кајзеветер во емисијата на Маркус Ланц, пренесува Bild.de.

Според него, Украина треба да ја пренесе војната на територијата на Русија.

– На Украина треба да и се даде можност да ја префрли војната на руска територија – изјави Кајзеветер, истакнувајќи дека министерот за одбрана Борис Писториус веќе повикал на тоа во април 2023 година.

Како што нагласи, неопходно е да се нападне руското Министерство за одбрана или разузнавачката служба, истакнувајќи дека „апсолутно е јасно дека не се работи за цивилни цели и луѓе, туку за објаснување на руското население дека тие се агресорите“.

Имено, реакцијата на германскиот пратеник доаѓа во време на последниот дипломатски спор меѓу Москва и Берлин, по протекувањето на аудио снимка на германски воени офицери како разговараат за потенцијален напад на мостот на Крим.

ФОТО: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Слично

Поврзани вести