Германскиот министер се предомисли за брзо време: Нема укинување на карантинот
Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, се предомисли за кратко време и последно што изјави е дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со кодонавирусот.
Лутербах најави дека од 1 мај ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот.
„Ќе остане само скратениот карантин од пет дена“, изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“.
Објаснувањето е дека сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин биле негативни и тоа го натерало да ја повлече мерката. Најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно, според министерот.
