Германскиот извоз неочекувано падна во јули
И покрај знаците на подобрување на економијата во еврозоната, германскиот извоз во јули неочекувано падна во однос на претходниот месец, покажаа вчерашните податоци на германскиот Завод за статистика.
Извозот на стоки и услуги од најголемата светска економија намален е за 1,1 отсто на месечно ниво, на 90,3 милијарди долари, покажаа сезонски и календарски прилагодените податоци.
Германија истовремено увезла стока во вкупна вредност од 75,8 милијарди евра, што е за 0,5 отсто повеќе во однос на минатиот месец.
Суфицитот во надворешно трговската размена е намален на 14,5 милијарди евра, од 15,8 милијарди колку што изнесуваше во јуни, објави Дестатис.
Слично
