Германскиот институт „Пол Ерлих“ почна преговори за регистрација на Спутник V
Откако Москва и понуди на Европската Унија 100 милиони дози од руската вакцина Спутник V, германскиот институт соопшти дека веќе се во контакт со Русија за евентуална регистрација на нивната вакцина против Ковид-19.
- Институтот Пол Ерлих нуди меѓународна поддршка, што значи, се консултиравме со нашите руски колеги преку видео конференција во однос на два аспекти на регулативата (за лековите во ЕУ), иозјави шефот на Институтот, д-р Клаус Цичутек
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), одговорен за дистрибуција на вакцината во странство, претходно соопшти дека може да достави 100 милиони дози вакцина Спутник V на Европската унија во вториот квартал од годинава.
Минатата недела Будимпешта потпиша договор со Москва за обезбедување на два милиони дози. Руската Спутник V е прва вакцина во светот против Ковид-19 и таа е изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеја по што е регистрирана на 11 август.
