ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ОТПУШТА 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Дојче бан со големи загуби, ќе намалуваат кадар
Компанијата „Дојче Бан“ во првите шест месеци од годинава оствари загуба од милијарда долари, јавуваат германските медиуми.
Поради загубите, сега се најавува укинување на десетици илјади работни места во следните пет години. Имено, Дојче Бан направи загуба од 1,2 милијарди евра во првата половина на 2024 година.
Штрајковите, екстремните временски услови, градилиштата и слабата побарувачка значително го влошија резултатот на групата во споредба со претходната година, соопшти железницата.
Групацијата сака да одговори на лошиот биланс со кратења на работни места
Севкупно, околу 30.000 позиции со полно работно време ќе бидат елиминирани во следните пет години, рече финансискиот директор на Бан, Левин Холе.
Deutsche Bahn will 30.000 Stellen streichen https://t.co/jHwHXRCaxi #DeutscheBahn
Ќе се изгубат работни места, особено во администрацијата, се планира да се укинат околу 1.500 работни места оваа година.
„Во иднина треба да создадеме повеќе железници со помалку луѓе. Посебно преку дигитализација и автоматизација, административните процеси треба да можат да ги спроведуваат помалку вработени во иднина.
Шефот на финансиската служба на оваа компанија, Левин Хол, изјави дека во наредните пет години ќе има отпуштања и кратење на работните места, а најмногу ќе бидат погодени работните места во администрацијата.
Сепак, годинава „мора да си одат“ 1.500 работници.
Фото: Принтскрин/Твитер
