Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот долг руши рекоди, 65 милијарди евра само за спас на еврото

Германскиот долг руши рекоди, 65 милијарди евра само за спас на еврото
Спасувачките програми за земјите од периферијата на еврозоната се помеѓу главните причини зошто германскиот долгот достигна нов рекорд од 2,166 трилиони евра на крајот на 2012 година, соопшти денеска Централната банка во Франкфурт. Во 2011 година германскиот долг изнесуваше 2,085 трилиони евра.Тогаш Германија обезбеди 36 милијарди евра на Европскиот фонд за финансиска стабилност и 9 милијарди евра за Европскиот механизам за стабилизација. Така сметката која Германија плаќа за спасување на еврото од 2008 година достигна 65 милијарди евра. Германија е главниот извор за пополнување на спасувачките фондови откако изби кризата во еврозоната.Соодносот на долгот спрема бруто домашниот производ (БДП) на Германија порасна за 1,5 процентни поени до 81,9%, што исто така е рекордна вредност, додава „Bundesbank“. Според критериумите на Мастрихтскиот договор овој однос не смее да надмине 60%. Во Германија последен пат тоа се случи во 2001 година.
Слично

Поврзани вести