Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИ ВЛАСТИ: Синоќешниот напад е „чин на лудак“

ГЕРМАНСКИ ВЛАСТИ: Синоќешниот напад е „чин на лудак“

Сторителот на синоќешниот напад во трговски центар во Минхен, кој уби 9 луѓе, рани 16, а потоа се самоуби, страдал од депресија и бил на психијатриско лекување објавија на брифинг од баварското обвинителство, пренесоа светските агенции.

„Поаѓајќи од принципот дека во овој случај станува збор за класичен чин на лудак, очигледно дејствувал без политички мотив“, рече портпаролот на обвинителството.

Обвинителите истакнаа дека нема никакви податоци дека напаѓачот, кој е од иранско потекло, бил радикализиран или неговите активности биле политички мотивирани.

Младичот бил опседнат од темата со масовните убиства со огнено оружје, а во неговата соба била откриена книга под наслов „Беснилото во душата - зошто учениците убиваат“.

Како стана јасно претходно 18-годишниот напаѓач е германски државјанин од иранско потекло и живеел со родителите во Минхен од две години.

Според претставници на американското разузнавање, цитирани од Ројтерс, германаските колеги не пронашле врска помеѓу сторителот на нападот во Минхен и "Исламска држава" или други слични групи.

Шефот на полицијата во Минхен Хубертус Андре истакна дека злосторството и неговиот сторител немаат апсолутно никаква врска со бегалскиот проблем. Од полицијата велат дека има врска помеѓу синоќешниот напад и норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик.

Инспекторите велат дека тинејџерот е роден и израснат во Минхен. За нападот тој користел 9 мм пиштол Глок 17. Се претпоставува дека се здобил со него по илегален пат, бидејќи серискиот број на оружјето бил избришан. Кај момчето полицајците откриле околу 300 куршуми.

Од Министерството за внатрешни работи на Германија соопштија дека знамињата во цела Германија ќе бидат симнати на половина во знак на жалост за загинатите. Жителите на Минхен оставија цвеќе на местото на трагедијата во северозападниот дел на градот.

Слично

Поврзани вести