Германски службеник: Што поскоро да се одобри „Sputnik V“ за вакцинирање
Премиерот на германската провинција Тирингија, Бодо Рамелов вети дека руската вакцина против вирусот корона „Sputnik V“ ќе биде одобрена за употреба во Германија.
„Според мене, вакцината „Sputnik V“ нуди голема шанса побрзо да се вратиме во нормалниот живот“, рече Рамелов во интервју за медиумската групација „Фанке“, Пренесува „Спутник“.
„Ја повикувам германската влада да и стави до знаење на ЕУ дека сега е потребно да се нарача одредена количина вакцини од производителот „Sputnik V“ , рече тој.
Според политичарите, одобрението за употреба на „Sputnik V“ ќе им помогне на германските граѓани да ги надминат предрасудите поврзани со руската медицина.
„Тоа е западногерманската чувствителност, што им го отежна животот на многу деца во 60-тите години на минатиот век, па дури и ги лиши. Во тоа време, вакцината против детска парализа од Советскиот Сојуз беше одбиена“, потсети Рамелов.
„Употребата на „Sputnik V“ во Германија може да помогнеме да се разбере дека источноевропската наука не е полоша од онаа во капиталистичките земји“, забележа тој.
Во исто време, премиерот на Тирингија изјави дека нема омилени меѓу вакцините против вирусот корона.
„Кога ќе дојде мојот ред, ќе добијам вакцина што ќе биде достапна“, нагласи Рамелов.
