ГЕРМАНСКИ ШПИГЕЛ ОБЕЛОДЕНИ: Да се премолчи вистината за корона вирусот побарал Кси Џипинг од СЗО
Германската Федерална тајна служба тврди дека кинескиот претседател Кси Џипинг лично побарл од СЗО да не ги обелоденува информациите за пандемијата на корона вирусот, иако предупредувањето на светско ниво требало да се соопшти пред крајот на јануари, пишува денеска германскиот весник Шпигел. (БНД), Си лично се јавил во СЗО да го одложи глобалното предупредување за коронавирусот, кое требало да биде соопштено на 21 јануари. Како што наведува тајната служба на Германија, а пишува Шпигел, шефот на кинеската држава, разговарал со директорот на СЗО, Тедрос Аданом од кого побарал предупредувањето да се одложи, што предизвикало доцнење за информирање на светската јавност за заканата од Ковид-19, дури 6 недели.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација ги отфрли ваквите тврдеа како неточни, наведувајќи дека се сосема погрешни и во нивното соопштение истакнуваат дека кинескиот претседател Кси Џипинг и Тедрос никогаш не раговарале по телефон.
