Германски производител на автомобили гради фабрика вредна милијарда долари во Унгарија
Германскиот производител на автомобили БМВ соопшти дека ќе гради фабрика во источна Унгарија, во која ќе се произведуваат до 150.000 конвенционални и електрични возила годишно, пишува Јутарњи лист.
Компанијата соопшти денеска дека изградбата на таква фабрика во близина на градот Дебрецен ќе чини околу милијарда евра, а со тоа ќе се обезбедат повеќе од илјада работни места.
БМВ соопшти дека од вкупната продажба, речиси 45 отсто возила се продадени во Европа во 2017 година, односно 1,1 милиони возила.
Но, проектот може да ја зголеми зависноста на Унгарија од автомобилската индустрија.
фото Јутарњи
Слично
