Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски медиуми за Балканот и Шешељ: Србија не знае што ја снајде!

Германски медиуми за Балканот и Шешељ: Србија не знае што ја снајде!

Медиумите во Германија се фокусираа на настаните во Србија, а посебно внимание посветиле на враќањето на лидерот на СРС Воислав Шешељ, инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, но и спорот со премиерот на Црна Гора Мило Џукановиќ.

За Србија моментално се може да се каже, но сигурно не дека се поддржува политиката на лидерот на СРС Воислав Шешељ за таканаречената голема Србија, оценуваат денеска германските медиуми.

„Двете најважни земји на западниот Балкан повторно се политички заглавени“, пишува „Тиролер тагесцајтунг онлајн“  и пренесува дека хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја откажал посетата на Белград закажана за средината на декември. Тој весник наведува дека премиерот на Србија Александар Вучиќ не дозволува да му држат „лекции за демократија“ и ја цитираат неговата изјава: „Ние не сме вреќа за удирање“

Радио Дојче веле, потсетувајќи дека Шешељ после 11 години е пуштен од Трибуналот во Хаг поради тоа што е болен од рак, пренесува дека медиумите наведуваат дека  Европскиот парламент донел резолуција против Србија, бидејќи наводно не се дистанцирала доволно од говорот на омраза.

„И навистина, за Србија моментално може се да се каже, но сигурно не дека ја поддржува политиката на Шешељ „голема Србија“, заклучуваат германските медиуми.

Србија, како најголема земја во регионот, смета дека другите земји неправедно ја третираат, пренесуваат медиумите во Берлин и потсетуваат дека претходните денови секаде во Косово имало знамиња со границите на таканаречена голема Албанија, и како што наведуваат, Белград се чуствува загрозен.

„Дорстенер цајтунг“, реагира на резолуцијата на ЕП за Шешељ, пренесувајќи ги зборовите на српскиот премиер.

„Оние кои ја поднеле оваа резолуција сакале да го понижат достоинството на Србија. Членовите на ЕП очигледно не знаеле за што гласаат. Зошто даваат поттик за омраза, ксенофобија и „авет“ од минатото, ја критикувал српскиот премиер резолуцијата на ЕП.

Тој весник подвлекува дека официјална Србија нема ништо заедничко со политиката на Шешељ.

„Кронен цајтунг“ пишува дека со враќањето на Шешељ во Србијa „на мака се нашле токму премиерот Вучиќ и претседателот Николиќ“.

Двајцата биле негови блиски соработници кои со него „расчистиле“ во текот на есента 2008 година. И додека Вучиќ се обидува да се дистанцира од новонастанатиот проблем, Николиќ досега не се јавил за збор“, наведува весникот.

Меѓутоа, судејќи според најновата анкета, објавена во четвртокот, а и по изјавите на Зоран Бабиќ и Ивица Дачиќ, весникот заклучува дека тој повеќе не е важен политички фактор во Србија.

„Србија не знае што ја снајде“

Повторно е оживеан и долгогодишниот спор со Албанија, прекинат фудбалски натпревар на квалификациите за Европското првенство и одлагање на историските посети на премиерот Еди Рама, а Тирана забранила увоз на лекови од Србија.

„Србија не знае што ја има снајдено. Главната цел на Европската унија во регионот е политички мир на Балканот. Сега Брисел има многу нови градилишта“, пишува „Тиролер тагесцајтунг онлајн“.

Слично

Поврзани вести