Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски компании ќе укинуваат работни места

Германски компании ќе укинуваат работни места
Наредната година ослабените германски компании се подготвуваат да го намалат бројот на вработени, бидејќи должничката криза на еврозоната почнува да ја нагризува водечката европска економија, покажува денеска објавеното истражување на германскиот економски институт ИВ.

Како што наведува ИВ, секоја четврта компанија во земјата планира наредната година да укине работни места.

Според резултатите на истражувањето, во кое учествувале околу 2.300 компании, 28 отсто фирми планираат да го намалат бројот на вработени во 2013 година.

Истражувањето, исто така покажало дека 28 отсто од компаниите очекуваат дека наредната година ќе инвестираат помалку отколку оваа, додека 23 отсто од компаниите тврдат дека во 2013 ќе инвестираат повеќе.

Слично

Поврзани вести