Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Германски комичар се обиде да го крене американското знаме на културен центар на Гренланд

(ВИДЕО) Германски комичар се обиде да го крене американското знаме на културен центар на Гренланд

Градоначалничката на Нук, Аварак Олсен ги повика медиумите и креаторите на социјалните мрежи да бидат одговорни откако еден германски комичар предизвика бес кога се обиде да го крене американското знаме во културниот центар во главниот град на Гренланд, пренесува Политико.

Пред два дена, 41-годишниот баварски комичар Макси Сафрот беше во близина на културниот центар Нук облечен во костум и држејќи американско знаме. Тој постојано се обидуваше да го прицврсти на столбот пред да се соочи со минувачите. Човекот доби парична казна. 

„Кревање на знаме во културниот центар на нашиот главен град – знамето на суперсилата која со недели ја остава отворена можноста за преземање воена акција против нас – не е смешно. Не е комично. Тоа е исклучително штетно“, реагира градоначалничката. 

САД сакаат да го преземат Гренланд, затоа што тврдат дека тој им е потребен за националната безбедност. Иако, американскиот претседател Дондла Трамп претходно не исклучуваше и употреба на воена сила, потоа кажа дека по дипломатски пат ќе го решат спорот. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести