Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски јавен базен забрани бурки

Германски јавен базен забрани бурки

Јавен затворен базен во германскиот град Нојтраублинг крај Регенсбуг ја забрани употребата на бурки, облека која го покрива целото тело, а ја носат муслиманки,  пишува The Local.

Овие жени во базен носеле посебен тип на бурка, која е прилагодена за капење, а при тоа на жената и се гледа само лицето.

„Зошто се покриени по целото тело, не можам да разберам "- изјави градоначалникот на градот, Хајнц Кихле.

Тој додаде дека  базенот е финансиран со јавни средства од сите граѓани, и затоа нема смисла да се прават посебни промени за различните религии.

„Тоа е и против основните идеи за интеграцијата и меѓусебното разбирање"- смета Кихле.

Забраната е наметната во базенот, по организиран ден само за жени.

Бурките се забранети во повеќе европски земји.

Во Холандија се забранува носење бурки во јавни установи, болници, училишта, како и во Франција.

И во соседна Бугарија во градот Пазарџик е забрането да се носат бурки, со што се предвидуваат и казни за жените кои ќе бидат фатени со бурки.

Слично

Поврзани вести