Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИ ИМУНОЛОЗИ: Нема колективен имунитет против Ковид-19 ако не се вакцинираат и децата

ГЕРМАНСКИ ИМУНОЛОЗИ: Нема колективен имунитет против Ковид-19 ако не се вакцинираат и децата

Колективниот имунитет против корона вирусот не може да се постигне без вакцинирање на децата и младите, предупреди денеска германското Здружение за имунолози.

- Појдовна точка е стекнување колективен имунитет кога се заштитени 60 до 70 проценти од граѓаните. За тоа е потребно вирусот да не може да се размножува кај тие луѓе - изјави потпретседателот на Друштвото, Рајнхолд Ферстер, за дневните весници на медиумската група „Функе“.

Со Ковид-19, вели тој, тоа е нешто поразлично, затоа што луѓето можат да го пренесат вирусот, иако тие самите не се болни, иако биле вакцинирани и целосно без симптоми.

- Ситуацијата со делта сојот е влошена. Позаразен е и ги погодува младите и децата. „Додека не се вакцинира таа група, ние нема да стекнеме колективен имунитет, рече Ферстер.

ФОТО: Evan Mitsui/CBC

Слично

Поврзани вести