Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИ ИМУНОЛОГ: И да има вакцина, сеопфатен имунитет ќе има дури по 10 години

ГЕРМАНСКИ ИМУНОЛОГ: И да има вакцина, сеопфатен имунитет ќе има дури по 10 години

Според германскиот имунолог Угур Сахир, вакцината против корона вирусот ќе биде произведена до крајот на годинава, но вели дека ќе ќе помине долг период пред инфекцијата да биде ставена под контрола. 

Сахир, кој е директор на компанијата „Бионтех“ од Мајнц, една од 17-те компании ширум светот кои работат на развој на вакцината против вирусот корона, во интервју за „Вол Стрит Џорнал“ вели дека пред да се почне со имунизација на населението, ќе биде потребно комплексно тестирање. 

-Вирусот се шири брзо, имаме повеќе од 13 милиони заразени низ целиот свет, што значи дека може да ни требаат десетина години за да постигнеме сеопфатен имунитет“, изјави Сахир. 

Тој појаснува дека може да се постигне имунитет само ако повеќе од 90 проценти од светската популација е имуна, или поради инфекцијата или вакцинацијата, но една компанија нема да биде во состојба да снабди седум милијарди луѓе. 

– Потребно е многу компании за да згрижат седум милијарди луѓе во светот. Вакцината е единствената шанса за трајно воспоставување контрола врз пандемијата, појаснува Сахин. .

Претходно, научниците објавија дека вакцината против вирусот корона може да се појави на пазарот за околу една година. Засега, ветуваат истражувањата и работа за вакцината научниците од Универзитетот во Оксфорд.




Слично

Поврзани вести