Германски и британски ловци пресретнаа руски авион над Естонија
Нов инцидент има на небото над Естонија.
Германски и британски ловци пресретнаа руски авион, којшто наводно не комуницирал со естонската контрола за летање. Настанот се случил во областа меѓу Санкт Петербург и Калининград.
При првата заедничка воена вежба во рамки на НАТО авионите на Британија и Германија во воздушниот простор над Естонија наишле на руски авион, од типот Ил-78, кој се користи за полнење гориво на авиони.
Вчера имаше судир на рускиот борбен авион и американскиот дрон над Црното море. САД ја обвинија Русија за несовесно однесување.
Пентагон соопшти дека оштетениот дрон САД го собориле откако стана „нелетачки“, Русија демантираше дека нејзините два борбени авиони Су-27 имале било каков контакт.
Слично
