Германски град воведе делумна забрана за дизел возила
Германскиот град Хамбург вчера стана прв германски градкој воведе забрани за сообраќај на возила со дизелски мотори на одредени сообраќајници.
Политичарите апелираат до автомобилската индустрија да се најде решение за проблемот со загадувањето на воздухот и да се избегне општа забрана.
„Наскоро и други градови ќе почнат да воведуваат забрани бидејќи нема да имаат избор“ - вели потпретседателот на пратеничката група на социјалдемократите во Бундестагот Соерен Бартол за јавниот сервис РББ.
Тој од германската канцеларка Ангела Меркел побара „конечно да мрдне“ околу ова прашање.
Автомобилската индустрија предлага промени на софтверот на возилата што е возможно само кај помал број дизел автомобили.
Социјалдемократската министерка за заштита на животната средина, Свења Шулце повторно се заложи за технички промени на дизел моторите кои би овозможиле намалување на емисиите на азотни оксиди.
Во февруари суд во Штутгарт во една пресуда на градовите начелно им дозволи воведување на забрани за сообраќај на возила на дизел погон за да се намали количеството на азотни оксиди во поголемите градови.
Од забраната се изземени само оние возила кои поседуваат ознака 6, а тоа се по правило возилата кои се произведуваат од 2016 година.
