Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски гигант воведува работна недела од 4 дена: Сакаат да бидат „атрактивен“ работодавач

Германски гигант воведува работна недела од 4 дена: Сакаат да бидат „атрактивен“ работодавач

Овој модел веќе се вкорени во некои европски земји, како Британија и Исланд

Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ (Gerry Weber) им дозволува на своите вработени сами да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

– Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување – изјавила шефицата на компанијата Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник „Билд“.

Според неа, тој модел е профитабилен и за компанијата и за вработените.

- Работниците имаат свои потреби кои можат да се променат во зависност од нивната животна ситуација. Колку се пофлексибилни рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат тие потреби - додаде таа.

Исто така, се наведува како на вработените им се дава автономија и самоодговорност.

– Тие на тоа гледаат како на признание, а тоа придонесува за поголема мотивација и лојалност – објаснува Шиндлер-Обенхаус.

Гер„Гери Вебер“, се наведува, има намера во иднина да биде „атрактивен“ работодавач. Шефот на модниот бренд смета дека на Германија и е потребен ваков модел поради недостигот на квалификувана работна сила.

Инаку, потсетуваме дека Британија започна со истиот пилот проект, а дека овој модел се покажа како многу успешен и во Исланд.


Слично

Поврзани вести