Германски економисти со повик до ЕУ да не дозволува излез на Британија
Билансот на силите на Европската унија (ЕУ) ќе се насочи против повеќе пазарно ориентираните членови, ако Велика Британија излезе, вели советот на економски советници во германската влада. Тој повика на „конструктивни разговори“, со што ќе се задржи Британија во ЕУ и покрај референдумот за Брегзит.
Краткорочните економски ефекти врз Британија најверојатно ќе останат умерени и ќе влијаат врз Обединетото Кралство многу повеќе отколку партнерите, иако „остар пад“ не е многу веројатен, вели советот во својот годишен извештај . Ако Брегзит не може да биде запрен, преговорите треба да постигнат баланс меѓу одржувањето на блиски економски врски и избегнување на ризик од создавање на преседан за другите земји, вели советот.
„Се уште има шанса да се спречи излез преку конструктивни преговори или барем да се постигне договор, кој ќе ја минимизира штетата за двете страни“, велат од советот. Иако „отстапките кон Велика Британија по деталите не треба да се табу, четирите основни слободи се неопходни“, посочуваат од советот во однос на правата и обврските во ЕУ, кои вклучуваат слободно движење на работната рака.
Владата на премиерот Тереза Меј е посветена да ја исполни одлуката од референдумот во јуни во поддршка за излез од ЕУ. 27-те други влади од ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, велат дека Велика Британија не може да очекува целосен пристап до единствениот пазар на блокот, без да прифати слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги во ЕУ.
Петчлениот германски совет од независни економисти велат дека ЕУ треба да се фокусира на основните задачи и да пренасочи дел од процесот на донесување одлуки на националните и регионалните органи.
Иако внатрешната безбедност, надворешните граници, климатизациона политика и надзорот над финансискиот пазар треба да се управува на европско ниво, пазарот на трудот и фискалната политика, како и организацијата на системот за социјална сигурност треба да останат национални одговорности, се наведува во извештајот.
