Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски борбени авиони пресретнале руски авион

Германски борбени авиони пресретнале руски авион

Медиумите во Германија пренесуваат дека германски борбени авиони во саботата пресретнале руска извидница над Балтикот. 

ДПА пишува дека во близина на островот Руеген забележан е еден руски извиднички воен авион, после што од базата Лаге кај Росток полетале два авиони Eurofighter и го испратиле рускиот авион подалеку од германската територија. 

Рускиот воен авион „се приближувал кон германскиот воздушен простор“, но ја променил насоката по полетувањето на германските авиони.

Во меѓувреме и данската влада го повикала на разговор рускиот амбасадор во таа земја поради неодамнешното влегување на еден руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Рускиот воен авион го повредил и шведскиот воздушен простор. Откако Русија ја почна инвазијата на Украина во февруари, воздушниот простор во многу земји е затворен за руските авиони. 

Слично

Поврзани вести