ГЕРМАНСКИ БЛОГЕР ПОСЕТИЛ 190 ЗЕМЈИ: Kaжа кои му се омилени дестинации, ја спомена и Македонија
Германски блогер кој посетил 190 земји открива кои се најдобри и најлоши дестинации за туристите, а ја споменува и Македонија.
Лука Пфердменгес, кој посетил 190 земји, открива кои од нив, според него, се најмногу преценети. Тој зборувал и за државите кои заслужуваат поголемо внимание и ја споменува и Македонија.
За Египет, Лука вели дека оваа земја најмногу ги иритира туристите.
„Франција, Малдиви, Маурициус, Сејшели, поголемиот дел од карипските Мали Антили. Тоа се туристички места кои често немаат што да понудат освен убави плажи“, изјавил тој за „Daily Mail“.
Како најпотценети земји ги навел Узбекистан и уште некои во централна Азија, балтичките земји, Бутан, Македонија, Црна Гора и поголемиот дел од Латинска Америка.
„Луѓето обично забораваат дека постојат, но често се многу повозбудливи и подостапни од класичните туристички дестинации. Посебно скриени скапоцени камења се Бутан и Мјанмар. Овие земји не се особено познати, но тие се меѓу најубавите во светот“, вели тој.
Лука вели дека му е тешко да ја избере најдобрата земја, но ги издвоил Мексико, Бразил, Израел, Шпанија, Бутан, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Португалија и Австрија.
