Германската полиција следи 100 терористички ќелии!
Властите во Германија следат 100 терористички ќелии, а 350 луѓе се под истрага поради врски со екстремистите на Исламската држава.
Според пишувањата на весникот „Velt am zontag“, 100 терористички ќелии се распоредени во групи од 10 до 80 членови, кои шират онлајн пропаганда и собираат сретства за терористички акции.
Некои членови од групите неодамна се вратиле од Сирија.
Германскиот министер за правосудство Хеико Мас рекол неодамна за весникот „Bild am zontag“ дека 350 луѓе се под истрага порадни можни врски со исламистите на сунитската „Исламска држава“ која дејствува во Сирија и Ирак.
Британски Би-Би-Си претходно јавија дека 600 германски државјани, како и повеќе од 1300 француски во моментов се борат во Сирија и Ирак.
Милитантите кои патувале во Сирија и Ирак, и други региони зафатени од војни, каде се борат во редовите на различни екетремистички групи, често се враќаат во матичните земји поради извршување на терористички напади, потсетува агенцијата „Sputnjik“.
