Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германската економија губи милиони евра поради СП во фудбал

Германската економија губи милиони евра поради СП во фудбал

Помеѓу 130 и 200 милиони евра  би можела да ја чини германската економија  за одлучувачкиот натпревар во Групата Ф помеѓу Германија и Јужна Кореја, бидејќи натпреварот се игра за време на редовното работно време.

„Доколку само секој втор вработен, кој во тој момент се наоѓа на работното место, го гледа натпреварот и ако вработените не останат подолго на работа за да го надоместат загубениот час, тоа ќе ја чини германска економија помеѓу 130 и 200 милиони евра“, тврди Функе групата, повикувајќи се на истражување на Институтот за германска економија.

Сличен феномен веќе беше забележан на последните големи фудбалски натпреварувања.

Истовремено експертите го нагласуваат и аспектот на заедништвото и градењето на тимскиот дух на заедничкото гледање натпревар, што долгорочно носи позитивни ефекти врз продуктивноста.

„Не се работи секогаш за пари, туку за тим-билдинг. И нема ништо подобро од заедничко гледање натпревар на германската репрезентација“,  истакна Кристоф Шредер од Институтот за германска економија.

Слично

Поврзани вести