Германската „Commerzbank“ дели 6.000 откази
Германската „Commerzbank“, наредниот месец ќе предложи укинување на 6.000 работни места, со што ќе отпушти околу 18 проценти од вработените, пренесува „The Wall Street Journal“. „WSJ“ во четвртокот пренесе наводи од повеќе извори дека банката ќе отпушти помеѓу пет и шест илјади вработени. Од „Commerzbank“ не сакаа да ја коментираат таа бројка. Според извршниот директор Мартин Блесинг, намалувањата на трошоците за работната сила се неизбежни, но не сакаше да ја наведе бројката на планираните откази. „Commerzbank“ во третиот квартал од минатата година, повторно работеше во плус, забележувајќи нето добивка од 78 милиони евра.
Слично
