ГЕРМАНСКА ПОКРАИНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА НЕВАКЦИНИРАНИ: Нема да смеат да одат во ресторани и на концерти
Регионите во
Германија планираат ограничувања за невакцинираните. Најмалку еден регион во
Германија планира да воведе построги ограничувања против „Ковид -19“ за луѓето
кои не се вакцинирани, изјави денеска државен претставник.
Германската влада во моментов бара од луѓето да бидат вакцинирани и тестирани негативно, или да имаат сертификат за прележана болест од вирусот, за да можат да влезат во затворени ресторани или да присуствуваат на настани, пишува Ројтерс.
Министерството на јужната покраина Баден-Витенберг предложи целосна забрана за невакцинирани луѓе да одат во ресторани и концерти.
„Би било погрешно да се држат сите одговорни, вклучително и вакцинираните, и затоа ќе има различни правила за невакцинираните отколку за вакцинираните“, рече Томас Штробл, член на покраинската влада во Баден-Витенберг.
