Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германска фарма бесплатно дели компири

Германска фарма бесплатно дели компири

Огромни залихи компири се делат бесплатно на фарма во германската покраина Саксонија. 

Наречена „голема операција за спасување на компирите“, оваа иницијатива е дел од планот да се спречи да пропаднат околу четири милиони килограми (вредни повеќе од 10 милиони евра) вишок компири. Банките за храна, училиштата и црквите се меѓу корисниците, наведоа организаторите.

Сепак, Здружението на земјоделци од Бранденбург го нарече целиот потфат „одвратен ПР трик“, жалејќи се на неговото влијание врз локалните пазари.

Германија е најголемиот производител на компири во Европската Унија, a сега има презаситеност на пазарот.

На крајот, сè се сведува на „ставување на компирот во центарот на вниманието како вредна храна“, рече уредникот на Берлинер Моргенпост, Петер Шинк, кој помогна во покренување на планот, објави Би-Би-Си.

Весникот соработуваше со еколошката компанија Ecosia, која стои зад пребарувачот со исто име, за да ја координира и финансира дистрибуцијата на компирите.

Не сакајќи да ги фрли своите „величествени примероци“ назад на полињата, компанијата Osterland Agrar наведува дека веќе транспортирала околу 500.000 килограми компири во Берлин, како и во други делови од Германија и Украина.

Слично

Поврзани вести