Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија:Еврозоната да продолжи со реформите

Германија:Еврозоната да продолжи со реформите
Еврозоната мора да го продолжи курсот на “веќе успешните“ реформи и фискална дисциплина, вака вчера предупредуваше Германија , ап пренесе “Франс прес“. Изјавата дојде еден ден откако претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо рече дека мерките за штедење можат да се олеснат, бидејќи Европа можеби ги достигнала лимитите за нивната примена. -Сега треба одлучно да продолжиме курсот, во кој секогаш подеднакво е нагласувањето на консолидацијата и заживување на растот преку реформи како основа за еден здрав раст“, се наведува во соопштението на германското Министерство за финансии. Во него се истакнува дека “во третата година од почетокот на должничката криза во еврозоната можеме да видиме дека веќе сме постигнале многу, но и дека треба да изодиме уште многу“. Европа ги усвои реформите, за да стане поконкурентно способна и да се намалат дефицитите што помага да се врати довербата на меѓународните инвеститори, продолжува соопштението. Министерството забележува дека реформите на пазарот на трудот не можат “да функционираат за една ноќ“ и Европскиот совет правилно ја започна програмата за борба со невработеноста кај младите. Во соопштението сепак се нагласува дека сега секоја земја според специфичните услови треба одлучно да го продолжи “веќе успешниот курс“. Во понеделникот Баросо рече дека иако верува во потребата од итни економски реформи и драстични кратења во буџетските дефицити, на овие политики им се потребни политички и општествени одобрувања, што во моментов ги нема насекаде.  
Слично

Поврзани вести