ГЕРМАНИЈА: Запалил торба со петарди на метро станица
Во германскиот град Хамбург полицијата уапси 51-годишен Германец затоа што на метро станица во градот вчера запалил торба со петарди и предизвикал експлозија.
Осомничениот ќе остане во притвор додека трае истрагата.
Поради експлозијата луѓето се исплашија дека се работи за терористички напад.
Но, при експлозијата никој не е повреден.
Според Билд, станува збор за Стефан К. кој не е осудуван и е поврзан со неонацистичките групи.
Слично
