Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија: Задржете го кусурот,претпазливост од европскиот план за уништување на бакарните парички

Германија: Задржете го кусурот,претпазливост од европскиот план за уништување на бакарните парички

Очајни да ги зачуваат монетите додека економската криза продолжува да гризе, Европската Унија се разбранува околу паричките од еден и два евро центи откако се дозна дека тие чинат повеќе отколку што е нивната номинална вредност.

Легислативното тело на блокот, Европската Комисија (ЕК), минатата недела најави предлог да се укинат најниските вредносни монети на единствената валута, затоа што смета дека разликата помеѓу вредноста на паричките и нивната производствена и дистрибутивна вредност достигнала 1,4 милијарди евра.

Но расте спротивставувањето додека германската информативна куќа Дојче веле објави дека германските граѓани упорно сакаат да се задржат прецизните цени.

„Ова се релеватни истражувања, вклучувајќи го и тоа од германската Централна банка, кои покажуваат дека огромен број од потрошувачите ги сакаат кованиците од еден и два центи“, рече Стефан Хертел, портпарол на Германската трговска асоцијација.

Постои загриженост дека цените ќе се заокружат на производите кои ги привлекуваат потрошувачите со психолошката бариера „99 центи“ - на пример, луѓето ќе бидат повеќе наклонети да купуваат туба паста за заби од 3,99 евра, наместо за 4 евра.

Но фактите од земји како Финска и Холандија, кои воглавно ги отфрлаат бакарните парички, покажуваат малку разлики во прифаќањето на заокруженните цени.

Карстен Брзески, економист во ИНГ во Брисел, за Ројтерс рече, „Ако размислувате за психологијата на цените, мислам дека повеќе би прифатиле заокружување надолу на 95 центи, отколку нивно нагорно прилагодување“.

Судбината на 45 милијарди парички од еден и два центи кои се во оптек, ќе биде одлучена по консултациите помеѓу ЕК и земјите членки. Втора опција е да се направат нови парички со мала вредност од поефтини материјали, наместо сегашните железни парички кои се обложени со бакар

Слично

Поврзани вести