Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија враќа 30 000 имигранти во Австрија

Германија враќа 30 000 имигранти во Австрија

Илјадници мигранти ќе бидат вратени назад оваа година од Германија во Австрија, ако властите во Берлин продолжат со досегашната стратегија.

Нивниот број оваа година може да достигне до 30 000 лица, соопшти во денешниот број кој излегува во Виена весникот „Kronen Zeitung“.

Изданието пишува дека само во месец јануари оваа година од Германија во Австрија се вратени назад 3723 Мароканци, Алжирци и Египќани.

Додека министерствата за внатрешни работи и за одбрана се обидуваат да ја заштитат јужната граница, илјадници економски мигранти доаѓаат од соседна Германија.

Очигледно властите во Берлин ги применуваат мерките за брзо враќање назад на бегалците во Австрија, нешто што се одрекуваше од австрискиот канцелар Вернер Фејман, пишува уште весникот и додава дека секој ден од Германија во Австрија се враќаат меѓу 50 и 200 економски мигранти.

Во месец јануари во просек биле вратени по 123 лица на ден.

Властите во Виена не се задоволни од активностите на својот сосед и очекуваат вратените да се обидат да влезат повторно во Германија или да поднесат барање за добивање азил во Австрија кој е со речиси никакви шанси за позитивен одговор.

Министерот за внатрешни работи Јохана Мајкл Лаитнер, заедно со министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил планира посета на Мароко за постигнување на договор за реадмисија.

Слично

Поврзани вести