Германија во страв од тероризам евакуираше трговски центар
Германската полиција денеска издаде наредба за затворање на трговски центар во градот Есен, поради страв од тероризам со „конкретни податоци за можен напад“, јави ДПА.
- Нашите истражни сознанија покажуваат дека има закана по трговскиот центар, се наведува во полициското соопштение, без да се прецизира природата на „терористичката закана“.
Според полицијата, трговскиот центар ќе остане затворен во текот на целиот ден.
Германија се наоѓа во состојба на заголемена гоотвност по серијата терористички напади во Берлин, Париз и Брисел во измитиве месеци.
Слично
