Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија во јуни го намали увозот, но го зголеми извозот

Германија во јуни го намали увозот, но го зголеми извозот

Германскиот увозот е намален, но извозот пораснал во јуни, што покажува дека најголемата европска економија полека закрепнува од неодамнешните слабости.

Сезонски прилагодените податоци на Сојузниот завод за статистика покажува дека увозот во јуни  пораснал за 0,6 отсто, додека аналитичарите на „Reuters“ очекуваа раст од 1 отсто. Овој податок заедно со неодамна објавените податоци за силен раст на индустриските нарачки и производство, упатува на благ успон на извозно ориентираната германска економија, која многу добро се држеше на почетокот на кризата во еврозоната, за да едвај успее да избегне рецесија во првиот квартал до годината, по падот на активностите на крајот на 2012 година. „Извозот , традиционален придвижувач на германскиот раст, се уште има проблеми со враќање во полна брзина“, вели Карстен Брзески, виш економист во компанијата ING. Податоците покажуваат дека извозот во еврозоната, во која Германија продава 40 отсто од своите производи, во јуни паднал за 1,4 отсто на годишно ниво, додека испораките вон државите на ЕУ паднал за 4,6 отсто, бидејќи растот на најголемите светски економии, како кинескиот, забавува. Извозот во државите во ЕУ кои не се во еврозоната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, соопшти  Destatis. И додека извозот пораснал, податоците за увозот во јуни целосно разочараа. Увозот во јуни се намалил за 0,8 отсто, додека аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа раст од 0,5 отсто.

Слично

Поврзани вести