Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА: Уапсени на граница со материјал за изработка на бомби

ГЕРМАНИЈА: Уапсени на граница со материјал за изработка на бомби

Германската полиција на граница со Австрија уапси четворица мажи во чиј автомобил е најден материјал од кој може да се направат бомби. 

Тие се уапсени во близина на градот Киферсфелден. Германската полиција го сомничи возачот, Пољак на возраст од 38 години дека се обидел да прокриумчари тројца луѓе на возраст од 20, 29 и 37 години. 

Полицијата соопшти дека се работи за државјани од Брегот на слоновата коска и Гвинеја. 

Во возилото се најдени цевки, барут и запалки. 

Се смета дека со ова можеле да се направат бомби. 




Слично

Поврзани вести