ГЕРМАНИЈА ЦВРСТО ОДЛУЧИ: Ќе се ограничи протокот на бегалци!
Германија, која сака да го ограничи протокот на бегалци, ќе ги затега условите за собирање на семејства за посебна категорија имигранти.
Станува збор за прекин за период од две години на можноста за некои имигранти да ги доведат своите семејства, изјави во четвртокот Вице Премиерот Зигмар Габриел.
Мигрантите кои ќе имаат корист од "субсидијарна заштита" веќе нема да имаат право "за две години", да ги доведат своите семејства. Габриел го изјави ова по состанокот со шефовите на двете формации на владејачката коалиција: канцеларката Ангела Меркел и баварецот Хорст Зеехофер. Габриел е министер за економија и лидер на Социјалдемократската партија.
"Субсидијарната заштита" е за еден степен пониска од статусот на бегалец, кој дава дозвола за престој во текот на три години и можност да се донесе семејството.
Помалку великодушна, таа се дава на некои со одбиен азил или статус на бегалец, кој сепак и не може да биде протеран, бидејќи ризикува од тортура или смртна казна во својата земја. Подлежувајќи на периодично одобрение, таа ја ограничува првичната дозвола за престој до една година.
Оваа мерка ќе влијае и на дел од Сиријците, кои одамна се радуваат на речиси автоматско давање на право на азил.
Но по 1 јануари Берлин повторно воведе индивидуално разгледување на барањата, вклучувајќи ги и оние за Сиријците.
Ограничување на собирање на семејства беше еден од спорните премини на вториот пакет со мерки за кои коалициските партнери се согласија во четвртокот вечерта: Демохристијанската и Христијанскоцијалната унија - ХДЗ и ХСС беа цврсто за, додека социјалдемократите одбиваа.
Идејата, која цели да ги направи германските услови за давање азил помалку лесни, веќе беше претставена во ноември од страна на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Покрај вметнувањето на Алжир, Мароко и Тунис во листата на "безбедни земји", што драстично ќе ги ограничи случаите во кои граѓаните на овие земји, можат да добијат азил, партиите од владејачката коалиција се договорија исто и да се олесни учењето на младите кандидати за азил и да дадат приоритет на собирање на семејства на "идни бегалци кои пристигнуваат од Турција, Либан или Јордан", рече Габриел, според кого тоа е "добар компромис".
"Мислам дека денес беше добар ден, откако почнавме" да ги применуваме овие мерки, рече Меркел по средбата со гувернерите на провинциите.
"Се чувствувам утешeна со секој изминат ден", рече канцеларката, која беше изложена на сериозни критики во последните месеци, дури и во конзервативните редови, за својата имиграциска политика.
Компромисот беше поздравен од претседателот на Христијанскоцијалната унија Хорст Зеехофер кој не штеди критики кон канцеларката. Истиот компромис сепак беше критикуван силно од голема асоцијација, која се занимава со помош за бегалците Pro Asyl, која го опиша како "многу горчливо решение".
