Германија со воена помош за Украина од над милијарда евра
Германија вети повеќе од милијарда евра воена помош за Украина. Ова беше синоќа потврдено од германската влада.
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер соопшти дека германската Влада планира да ја зголеми меѓународната помош за одбрана на две милијарди евра, од кои повеќето средства ќе бидат наменети за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата рече дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната.
– Се разбира, и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации од некои медиуми за намерите и можностите на руската армија. За потенцијалот на руската економија. За емоционалната состојба на општеството во Русија, рече тој.
Слично
