Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија со ултиматум: Заедно за бегалците или крај на Шенген

Германија со ултиматум: Заедно за бегалците или крај на Шенген

Германија смета дека Шенген може да продолжи да постои, само ако ЕУ има заедничка политика за азил и миграција. 

Слична изјава беше дадена вчера за време на седницата на надворешни и европски работи во Брисел. Шест Шенген држави, вклучувајќи ги Германија и Франција, воведоа проверки на границите поради миграцискиот бран и терористичките напади, привремено суспендирајќи го слободното преминување на границите. Европската комисија се надева дека ќе се нормализира слободното движење во Шенген зоната до крајот на годината, но ќе има строги проверки при влез и излез, вклучувајќи ги и европските граѓани. 

Европската комисија предложи во март заеднички стандарди за прием на бегалци и за азил, заедно со систем на постојани квоти. 

Предлогот сепак е блокирано во Советот, каде што земјите од Вишеградската група му се противат, Словачка го тужи, а Унгарија организира референдум против постојаните квоти.

Наместо заеднички систем, Полска, Чешка, Унгарија и Словачка нудат флексибилна солидарност, според која земјите помагаат кој со што може, но без задолжителни предуслови.

Европската комисија одбива да го повлече предлогот, но ќе се обиде да му даде уште една шанса на самитот на ЕУ во октомври.


Слично

Поврзани вести