Германија се справува со должничката криза
Пазарот на труд во Германија и натаму се справува со должничката криза во еврозоната, иако бројот на невработените во февруари се намали на најниско ниво во последниве пет месеци, соопшти германската Сојузна агенција за вработување. Бројот на невработените во февруари, кога ќе се исклучат сезонските фактори, пораснал за 18.013 на 3,15 милиони луѓе, а стапката на невработеност мируваше на 7,4 отсто. Кога ќе се земат предвид сезонските фактори, минатиот месец имало 3.000 помалку невработени, па без работа вкупно биле 2,91 милион луѓе, што е најниско ниво од септември, наведува агенцијата. Сезонски прилагодената стапка на невработеност исто така мируваше на 6,9 отсто.
Слично
