Германија се развива, наспроти економската криза
Најголемото стопанство во Европа го фасцинира светот. Германската економија е средена по принцип на социјална пазарна економија.
Тоа значи дека од една страна се темели на пазарна конкуренција, а од друга страна државата се уште има доволно простор за интервенција. На германското стопанство во последните 50 години главно му оди добро.
Последните години, додека остатокот од Европа беше потресен од финансиската и економска криза, германското стопанство беше стабилно. Многумина успехот на Германија го објаснуваат со комбинација на социјалните и пазарни компоненти.
Слично
