Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОЛНИ СО СТРАНЦИ: Од каде имаат најмногу доселеници?

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОЛНИ СО СТРАНЦИ: Од каде имаат најмногу доселеници?

Расте бројот на странци во Германија. 

Бројот на луѓе со странско потекло во земјата порасна за 4,4 отсто и сега се движи околу 19,3 милиони, објави денеска Сојузната служба за статистика. Во Германија живеат околу 82 милиони луѓе. 

За лица со странско потекло се третираат оние кои не се родени на германско тло или едниот родител е роден во странство.

Но, најновите податоци покажуваат дека 51 процент од овие лица имаат германско државјанство.

Бројките покажуваат дека најголем дел од странците се Турци – 2,8 милиони, потоа Полјаци – 2,1, Руси – 1,4 милиони и Казахстанци – 1,2 милиони.

Слично

Поврзани вести