Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија се откажа од предлогот да ги принудува имигрантите да зборуваат германски дома

Германија се откажа од предлогот да ги принудува имигрантите да зборуваат германски дома

Баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) отстапи од својот предлог со кој бараше имигрантите кои сакаат постојан престој во Германија да се обврзат и дома да зборуваат на германски јазик.

Предлогот на ЦСУ наиде на критики и потсмев во германската јавност, па дури и од политичките сојузници на оваа партија, кои оценија дека е апсурд што служи само за да се добијат гласови од анти-имигрантски расположените гласачи.

На предлогот остро реагираше турското малцинство во Германија, кое ваквата иницијатива ја оцени како неуставна.

Генералниот секретар на ЦСУ Андреас Шојер изјави дека суштината на овој предлог не е да им се наметне обврска на имигрантите, ниту било предвидено властите да контролираат на кој јазик тие ќе зборуваат дома, туку едноставно да ги мотивира „дојденците“ секојдневно да го учат јазикот на земјата во која живеат.

Баварската ЦСУ е најмалата членка на тричлената владејачка коалиција во Германија, на чие чело е канцеларката Ангела Меркел. Таа се уште не се огласила за контроверзниот предлог на нејзините коалициски партнери.

Генералниот секретар на Демохристијанската унија Петер Таубер се поегувал на сметка на предлогот и истакнал дека сите дома треба да зборуваат на латински јазик.

 
Слично

Поврзани вести